ВЛАДАТА НА ВЛАДИНА СЕДНИЦА ГО ИЗГЛАСА НОВИОТ ПАКЕТ МЕРКИ : ПОД ПОЛНОЌ ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА ЗА 9 ДЕНАРИ, БЕНЗИНОТ ЗА 6,5 ДЕНАРИ

0
1092

По три порасти неделава, пад на цената на горивата.  РКЕ на денешната седница одлучи да ги намали горивата после донесените законски измени вчера во Собранието од Законот за акцизи и измените од Законот за данок на додадена вредност.

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45% во однос на одлуката од 10.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 6,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 9,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денар/килограм и ќе изнесува 60,914 ден/кг.

Од 13.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 88,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 60,914 (денари/килограм)