Од 1 јануари зголемување на пензиите за 700 денари

0
1137

Oд извори во Владата Алсат дознава дека најверојатно од 1 јануари следнава година, пензиите за сите корисници ќе се зголемат за 700 денари.

Оваа сума е иста со онаа за која изминативе четири денови Алсат инсистираше на одговор од Министерството за финансии да објасни за што ќе бидат наменети?

Имено, во драфтот на предлог-буџетот за 2020 година, Владата самоиницијативно ја зголеми ставката за трансфери за пензии, иако самото Министерство за труд и социјална политика бараше зголемување од само околу 18 милиони евра. Со ваквото зголемување на средствата, сега се појаснува за што ќе бидат употребени дополнителните 64 милиони евра плус во споредба со 2019 година.