ПРАТЕНИЦИТЕ СПРЕЧИЈА ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ КОСТОВСКИ ОД СДСМ И АПАСИЕВ ВО СОБРАНИЕТО

0
699

За време на вториот ден од расправата на собраниската седница за францускиот предлог, која денеска повеќепати беше на работ на хаос вечерва се случи уште една тензична ситуација, која лесно можеше да ескалира во физичка пресметка меѓу пратениците Димитар Апасиев од Левица и Мартин Костовски од СДСМ.

На снимката од инцидентот, која ја објави Алсат, се гледа како Костовски го допре Апасиев кога овој поминуваше покрај него, по што други пратеници мораа да интервенираат за да спречат тепачка меѓу колегите.