Заев му возврати на Каракачанов: Сакал ти или не, јас сум македонец и зборувам македонски јазик, верувам дека Бугарскиот народ е пријателски народ кон нас!

0
1691

Заев рече дека очекува европските вредности да бидат прифатени од сите.

  • -Дека јас сум Македонец, дека јас зборувам македонски јазик, тоа е мое право. Тоа е европска вредност. Јас очекувам навистина европските вредности да бидат прифатени од сите, како што исто така подадов рака и прифатив дека споедлуваме заедничка историја. Ќе продолжам да зборувам во духот на пријателството и ќе продолжам да градам пријателство, без разлика на какви причини некој темели свои изјави или слично. Јас верувам дека и господинот Каракачанов и министерката Захариева и премиерот Борисов, но пред се бугарскиот народ е пријателски народ на нашиот народ, рече Заев.