ТРЕНЧЕВСКА : НАГРАДИТЕ ЗА БЗР, СЕ ОДЛИЧЕН ПРИМЕР, ПАТОКАЗ И ИНСПИРАЦИЈА И ЗА ОСТАНАТИТЕ КОМПАНИИ ВО ДРЖАВАТА ДА ГО СЛЕДАТ ПАТОТ НА БЕЗБЕДНИ РАБОТНИ МЕСТА

0
382

По повод Европската недела на безбедност и здравје при работаМинистерството за труд и социјална политика и Советот за безбедност и здравје при работа, во партнерство со Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, организираа настан за одбележување на оваа недела  и за обележување на заедничкиот придонес кон подигнувањето на свеста за улогата и значењето на заштитата на здравјето и безбедноста на работните места.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес го отвори настанот и се заблагодари на сите релевантни чинители кои континуирано даваат придонес кон заедничките заложби во делот на унапредување и подобрување на безбедноста и здравјето при работа.

„ Токму во текот на оваа недела, низ цела Европа, во сите земји-членки на Европската унија, но и во земјите кандидати за членство, вклучително и во нашата држава, се организираат голем број  настани. Во таа насока една од носечките пораки на Европска кампања за БЗР и на Европската недела за БЗР е пораката дека: „Безбедноста и здравјето при работа не засега сите подеднакво.

Добри се за секој од нас. Добри се и за бизнисот“ рече Тренчевска.

Министерката објасни дека согласно веќе воспоставената пракса беше реализирана и спроведена постапката на оценување на системите за БЗР во рамки на компаниите од Република Северна Македонија кои се пријавија на јавниот повик.  Таа посочи дека изборот и оваа година е во организација на Советот за БЗР, со поддршката од Министерството за труд и социјална политика, и со вклученост на стручни лица за безбедност при работа и доктори по медицина на трудот кои учествуваа во евалуацијата на компаниите.

Таа го најави и отпочнувањето и на новата кампања на министерството.

„Отпочнуваме нова Европска кампања за здрави работни места која ќе се спроведува во следните  две години.  Оваа Кампања на Европската агенција за БЗР (EU-OSHA), ќе биде насловена „Безбедна и здрава работа во дигиталната ера“ и ќе биде посветена на подигнувањето на свеста за дигиталната технологија и сѐ поизразената дигитализација во работата и влијанието кое таа го има врз безбедноста и врз здравјето на вработените“ истакна Тренчевска.

На крајот од настанот беше доделена и Националната Награда за компанија со најдобро имплементиран систем за Безбедност и здравје при работа за 2023 година.

Добитници на наградите се: Рудник „САСА“, Алкалоид – Скопје и Раде Кончар ТЕП – Скопје.