ВО БЕЛГРАД ПОТОНА СПЛАВ НА КОЈ СЕ ПРОСЛАВУВАЛА НОВА ГОДИНА, НЕМА ЗАГИНАТИ И ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ

0
371

Белградскиот сплав Фристајлер на кој имало дочек на Новата Година потона до половина, а повеќе луѓе се полесно повредени.

Очевидрц за српската ТВ Прва изјавил дека инцидентот се случил 10-на минути по полноќ кога поголем број на гостите биле на задната палуба по што сплавот попуштил под тежината и почнал да се навалува и тоне.

-Немаше никаква организација. Имаше само еден излез. Водата влезе и во внатрешните простории каде забавата траеше. Луѓето во паника трчаа и скокаа едни преку други. Обезбедувањето почна да се тепа со некои кои сакаа да си ги земат јакните, изјавил овој млад белграѓанин на ТВ Прва. Веднаш беа објавени повеќе видеа од гостите кои снимале додека се спасувале од потонувањето. Првичните информации се дека повеќе луѓе се пожалиле на повреди. Сплавот уште е потонат до половина.