МИЦКОСКИ : ОВА БЕШЕ ТЕШКА ГОДИНА, НО ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО, ПРОМЕНИТЕ ПОЧНАА, ВЛАСТА ЌЕ СЕ ВРАТИ КАЈ НАРОДОТ, ПРЕДАВСТВАТА ЌЕ ПАДНАТ!

0
414
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку видео порака упати новогодишна честитка до граѓаните на Македонија.
Како што вели тој, верува дека 2023 година ќе биде подобра и ќе се случат важни промени за сите жители на нашата земја.
„Ќе биде подобро. Доаѓаат подобри времиња. Предавствата ќе паднат, моралот ќе се врати, законитост ќе има.
Драги пријатели, испратете ја старата и дочекајте ја Новата 2023та година во добро друштво и расположение, со луѓето кои ги сакате и ви значат. Искористете ги моментите и подарете љубов, сетете се на оние кои не се со Вас, прегрнете ги оние кои се со Вас.
Посакајте добро здравје, радост и среќа на сите и трудете се да направите се што е во ваша моќ за да овозможите што повеќе добрина“, се вели во честитката на Мицкоски.