(ВИДЕО) Филипче: Нема нови тестирани лица за корона вирус – апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето

0
907

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, на редовната прес конференција за состојбата со корона вирусот, информираше дека во текот на изминатото деноноќие нема нови тестирани лица за корона вирусот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

„Стабилна е состојбата на пациентката, која е прв и единствен случај со корона вирус во земјава и како што вчера информиравме, нејзиниот контролен тест е негативен, но за тоа да се потврди треба да поминат 24-48 часа. Согласно препораките и проценката на клиничката состојба и параметрите, тоа ќе се изврши денеска или во текот на утрешниот ден, по што ќе ја информираме јавноста. Тоа значи дека доколку контролниот тест е негативен, таа повеќе не е инфективна, односно повеќе не може да ја пренесе болеста“, истакна министерот Филипче.