ФОКУС ФРЛИ НУКЛЕАРНА БОМБА СО КОЈА ЈА СТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА : УБК ги прислушувала осудените во „Монструм“ пред да го извршат МАСАКРОТ! Зошто власта не го спречила?

0
5442

Во најновиот број на ФОКУС ќе читате:

ГРУЕВСКИ НЕМА ДА ГО СПАСИ НИ СВЕТИ КУРЦ
За да им докажат на граѓаните во Македонија дека не се изолирани од Европа и од светот, Груевски и бандата се потпираат на европските и на светските изолационисти. На Виктор Орбан и Најџел Фараж, на Марин Лепен и на Доналд Трамп. На политичарите кои своите држави сакаат да ги изолираат од светот, ама, ете, не ја изолираат бандата на Груевски. Изолационистите не го изолираат Груевски. А зошто? Па, за да ја изолираат Македонија!

МОНСТРУОЗНО ОТКРИТИЕ
Додека се чека за случајот „Монструм“ да се изјасни СЈО, „Фокус“ дознава дека дел од осудените извршители на Велигденскиот масакр биле нелегално прислушувани од УБК долго време пред да се случи убиството. Зошто власта не го спречила масакрот и дали овие разговори ќе го откријат нарачателот?

НЕ ИМ ДАДОВМЕ 50.000 ЕВРА ЗА ИЗБОРИТЕ, УЈП НЀ КАЗНИ СО 200.000 ЕВРА!
Во интервју за „Фокус“ бизнисменот Роберт Блажески, инвеститор од САД рекетиран од Фамилијата, открива како владата на Груевски им го сотре бизнисот, раскажува детали за рекетот, но и како донаторите со каса-прими на ДПМНЕ завршуваат во затвор. Сведочи за лагите на Јанкулоска и објаснува зошто смета дека судството ја уништи државата

НЕИЗВЕСНИ ИЗБОРИ
Во првата изборна единица фаворит е опозицијата, во третата овој примат го има власта, во четвртата ќе се води атрактивна лидерска битка, додека најнеизвесни и најинтересни борби се очекуваат во втората и во петтата изборна област, кои веројатно ќе ја направат клучната разлика на изборите

„ХИПОКРАТОВА“ УЦЕНА
Мајка родилка која се пожалила на лошиот однос од медицинскиот персонал и третманот на нејзиното новороденче на скопската клиника за гинекологија, и рекла дека има намера за случајот да зборува во „Фокус“ добила закана од лекарка на клиниката „Ако се објави во Фокус, ќе биде крај за бебето!“

ВИСТИНИТО ИЛИ ВИСТИНОИДНО
Па што ако некој си верува во тези и тврдења за кои нема докази, само затоа што му прават ќеф да се вистина, затоа што во нив се оцрнети неговите политички непријатели? Која е штетата во тоа да веруваш во слатки лаги, додека ги игнорираш горчливите вистини?

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Народот, граѓаните се гладни за сè: за леб, за права, за правдина, за демократија, за живот! Кој не може да го сфати тоа, тој очигледно има проблем со реалноста или со својата перцепција на реалноста

Ана ПАНОВСКА
Заев ќе ја федерализирал Македонија! А, бе, не играјте си со овој народ вие несовесни, ограничени и корумпирани пропагандистки. Лажете и понатаму, само не играјте си со оган и не ширете меѓуетничка омраза во Македонија

Рамадан РАМАДАНИ
ДУИ ќе изгуби многу и ќе се изгуби целата во постизборието, а ДПМНЕ тамам толку, што за нејзиното водство ќе значи дека изгубила сѐ. Граѓаните ќе победат, со тоа што ќе има голем одѕив

Гордана ПОПСИМОНОВА
Во името на здравиот разум, имам обврска на Груевски и на неговите фанатични поддржувачи да им порачам дека нивното лудило, без оглед што е спакувано во светкави амбалажи е само нивно лудило

Александар ТОРТЕВСКИ
Навистина е тажно што една институција каква што е Јавното обвинителство, која би морала да биде столб на правната држава, е доведена на ниво да служи за покривање криминал и да биде предмет на потсмев