ПРИВЕДЕНА ЖЕНАТА КОЈА ЈА НАПАДНА ЕЛЕНА РИСТЕСКА, ЌЕ СЕ ГОНИ ЗА НАСИЛСТВО, ДОБИЛА И ЗАБРАНА ДА НЕ И СЕ ПРИБЛИЖУВА

0
619

Mакедонската поп-пејачка Елена Ристеска беше нападната пред познат скопски ноќен клуб.

Од МВР, денеска информираат дека на 24.10.2023 полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Т.П. (38) од Скопје постапувајќи по пријава од Е.Р. (37) од Скопје дека на 23.10.2023 во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била нападната од Е.Т.П..

Со Е.Т.П. е извршен службен разговор и таа го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот.