ГЕНЕРАЛ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ЌЕ БАРА ДОЗВОЛА ДА СЕ УБИЕ МЕЧКАТА КОЈА ВЧЕРА НАПАДНА 76 ГОДИШЕН СТАРЕЦ ОД С.ПЛАСНИЦА

0
441

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека поднел барање до МВР за целосно расветлување на нападот од мечка врз 76-годишен старец од село Пласница. Тој појасни дека опасната мечка е опасна за животот на граѓаните и ќе побара од Министерството за земјоделство и Министерството за екологија да извршат проценка дали се исполнети условите за отстрел на мечката.

Согласно Законот за лов, Министерството за земјоделство може да дозволи лов на трајно заштитен дивеч, по претходно мислење од Министерството за животна средина.

За проблемот со мечките во Маврово и Ростуше, според него, мерката за успивање и дислоцирање е специфичнa бидејќи мечките се опасни животни и оној кој што треба да ја успие треба многу да се приближи до животното и да биде искусно лице.