ТОШКОВСКИ : БАРААТ ИЗДАВАЊЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ПО БРЗА ЛЕНТА, А МВР РАСПОЛАГА САМО СО ДВЕ МАШИНИ

0
389

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за Слободен печат изјави дека идејата на Народниот правобранител, Владата, и сите оние кои бараат издавање лични документи по брза лента е одлична, но факт е дека МВР располага со две машини.

– Барањето на Народниот правобранител за издавање лични карти по брза линија за оние граѓаните кои немаат документ и нема да можат да гласаат на изборите е одлично. Супер е и барањето на Владата за одредени превозници, но бараат и ИТ инженери и здравствените работници и професори. Сите бараат и јас ги поттикнувам сите да се организираат и да достават барање. Ама фактот е дека МВР има две машини за печатење пасоши – вели Тошковски.Тој изјави дека капацитетот на вработените кои работат на печатење на пасоши е околу 3.000 дневно.

– Тие работат по десет часа, и сабота и недела. Решение е да се смени законот, вели Тошковски.Министерот апелира до Собранието да се промени законската одредба кое што го регулира начинот на идентификација и начинот на гласање се со цел да можат 100.000 да не го загубат правото на глас.

„Доколку не се промени законската одредба кое што го регулира начинот на идентификација и начинот на гласање ќе имаме сериозен проблем, драконски ќе се прекрши правото на гласање. Овие 100 илјади луѓе кои немаат документ со новото уставно име се резиденти на Македонија, сите се со право на глас, но немаат важечка лична карта но имаат активен пасош со старото уставно име и во ваква ситуација испаѓа дека овие луѓе го губат правото на глас. Државата не е во можност да извади толкав број на документи бидејќи бројката е огромна. МВР веќе изготви соодветна информација до Владата и ќе побарам уште утре да биде разгледана на владина седница и се надевам дека Владата ќе се вразуми и ќе предложи до Собранието сами да го увидат и решат овој проблем“, изјави Тошковски.