Тие го исфрлиле месото од исхраната за да ослабат, но се испоставило дека тоа било лоша одлука

0
1188
Три жени раскажаа како и колку исфрлувањето на месо од исхраната лошо влијаело врз нивната здравствена состојба и какви проблеми им донело сето тоа.

35-годишната Деби Диксон сака да укаже на сите негативни работи кои ѝ се случувале откако го исфрлила месото од исхраната. Деби сфатила дека нешто не е во ред во оној момент кога почнала да ѝ паѓа косата. Потоа, во текот на наредните месеци квалитетот на ноктите значително ѝ се влошил, станале кршливи, почнале да се раздвојуваат и да пукаат.

01-43-Main-grilled-beef

Како што одминувало времето, состојбата станувала уште полоша. Без разлика на тоа колку часа спиела, цело време се чувствувала уморна. Хроничната ненаспиеност станала нејзин начин на живот. Потоа, една вечер, кога почувствувала замор поради кој не можела да појде до тоалет, посетила лекар. Истата вечер била хоспитализирана, а докторот ја прашал дали јаде месо. Тогаш сфатила дека всушност нејзината одлука да го исфрли месото од исхраната, била лоша идеја.

Според зборовите на нутриционистите, целосното исфрлање на месо од исхраната може да предизвика негативни реакции и да даде лоши резултати на крвната слика. Месото содржи одредени хранливи материи кои се неопходни за здравјето. Месото е главен извор на железо и цинк, а железото од месото подобро се апсорбира отколку она од растенијата. Исто така, месото е добар извор на протеини, витамини и минерали.

Hamburgers cooking on barbeque grill with flames
Hamburgers cooking on barbeque grill with flames

За Деби Диксон исфрлувањето на месо од исхраната оставило последици, па така на прегледот ѝ бил констатиран недостаток на железо во организмот кој морала да го надополни со внесување на големи дози железо во следните шест месеци, а после тоа се чувствувала значително подобро. Повторно била расположена, енергична, а квалитетот на косата, кожата и ноктите ѝ бил значително подобар.

59-годишната Енид Тејлор имала малку поинакво искуство.Таа одлучила да премине на вегетаријанска исхрана, затоа што слушнала дека тоа ќе ѝ помогне да се чувствува подобро, поздраво, но и дека ќе ги намали килограмите. Сепак, не течело се` според планот.

„На почетокот се чувствував одлично, почнав да ги губам килограмите и бев задоволна од резултатите, а потоа паднав во депресија и тоа значително влијаеше врз мојот социјален живот. Ми стана непријатно да излегувам со пријателите на вечери, затоа што секој пат се чувствував поразлично затоа што не јадев месо“.

03-43-raw-meat-cat-food-natural-diet-1l

41-годишната Мери Аштон била вегетаријанец цели 20 години, но поради здравствени причини се откажала кога останала бремена. Таа исто така имала чувство на замор, хронична исцрпеност и недостаток на енергија. Чувствувала дека на нејзиниот организам му е потребно месо, а бидејќи не сакала нејзината одлука да влијае врз здравјето на нејзиното дете, се обратила кај лекар, а после тоа повторно го вратила месото во нејзиното мени.

Извор : Tocka.mk