(ВИДЕО) Заев: Да помагаме колку што може повеќе така и нашиот живот ќе биде подобар

0
1254

„Да помагаме колку што може повеќе заради тоа што и нашиот живот ќе биде подобар“, ова е пораката која ја упати градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, од синоќешниот новогодишно – божиќен хуманитарен концерт кој што се одржа во домот на АРМ во Струмица. Со купените влезници и дополнителните парични средства кои што ги донираше, тој го поддржа лекувањето на Мартина Манушева, а со тоа уште еднаш, како безброј пати досега, на дело ја потврди својата хуманост.

-При вакви убави празници, празници за семејството, да се потсетиме уште еднаш дека треба солидарноста и меѓусебното помагање да биде дел од нашето секојдневие, благодарение, пред се, на младите луѓе кои што учествуваат во целата оваа организација преку ваквите манифестации, како што е новогодишно – божиќниот концерт, и овој пат ќе може да се помогне на едно младо девојче, наш сограѓанин, кој што има потреба од помош и поддршка од нас, нејзините сограѓани. Се надевам, дека многу луѓе кои што можат да помогнат ќе ја искористат приликата да помогнат секому кому што му е потребна помош, заради тоа што составен дел од нашето секојдневие и нашиот живот е таа вистинска вредност на меѓусебно помагање и пружање рака тогаш кога на некому му е потребна помош. Да помагаме колку што може повеќе заради тоа што и нашиот живот ќе биде подобар, рече градоначалникот Заев.

Концертот по шестти пат се одржа во организација на Младинскиот совет на Струмица и средното општинско училиште „Јане Сандански“.