Нема оставка од Груевски ако се помести датумот на изборите?!

0
1036

Доколку се помести датумот на изборите, закажани за 24 април, во тој случај нема да се формира техничка влада, а договорот од Пржино нема да важи! Тоа е став на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и пред дговореното повлекување на Никола Груевски од премиерската функција, по што на 15 јануари треба да се избере влада со нов премиер, пренесува Телма

Премиерот Груевски денеска, на прашањето, дали ќе го одложи своето повлекување од Владата доколку сепак биде договорен друг датум за изборите, кусо одговори.

-Мислам дека денеска имаше изјава од Центарот за комуникации за ова прашање.

И денеска, како и претходниве денови, Груевски не откри дали е договорено кој партиски кадар ќе ја наследи неговата функција во Владата. Од СДСМ не го коментираат ставот на ВМРО-ДПМНЕ и велат дека станува збор за градење на позиции на ВМРО-ДПМНЕ пред посетата на еврокомесарот Хан. Извори од владејачката партија велат дека Груевски не сака да поднесе оставка додека не добие гаранции дека датумот на изборите не се поместува.

извор: ТЕЛМА