СТРАШНО, ДАЛИ БУГАРИЈА СТАНУВА ОПАСНА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ : СТОТИЦИ НАВИВАЧИ НА ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ НА ПРОТЕСТ ВО ПЛОВДИВ – ОВДЕ СМЕ ПОРАДИ ПЕНДИКОВ

0
643
Стотици навивачи на фудбалски екипи од Бугарија се собрале еден час пред споменикот на Обединувањето во Пловдив за да му изразат поддршка на претепаниот охриѓанец Христијан Пендиков, како и да побараат адекватна реакција од бугарските власти, јавуваат бугарските медиуми.Нивното незадоволство било и, како што велат, против политиката на Северна Македонија кон бугарските граѓани.

На протестот имало навивачи од клубовите Ботев и Локомотив од Пловдив, како и над 200 лица кои дошле од Софија.

„И покрај нашите разлики, и покрај тимовите за кои навиваме, сите се обединуваме со една кауза – сакаме Македонците да не третираат со почит. Нивниот лош однос го трпиме со години, а уште еден доказ е случајот со Христијан. Тоа што бугарските државјани не беа пуштени на граница, дали е нормално? Ова мора да престане“, изјавил еден навивач на Левски Софија, пренесува бугарски „Traffic news“.

Насобраните ја пееле државната химна пред споменикот, а потоа извикувале „Слобода или смрт“ и „Да живее Бугарија“.

„Можеме да ги надминеме разликите поврзани со клупската припадност. Тепањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, е врв на провокацијата против Бугарија и безобразлукот. Сакаме да ги заштитиме сите наши сонародници во Република Македонија. Не ги прифаќаме обвинувањата на Република Македонија дека Бугарија ги провоцира. Инсистираме на адекватен и цврст став на Бугарија да ги гарантира правата и слободите на нашите сонародници“, изјавил еден од организаторите.

„Овде се собираме поради Христијан, овде се собираме поради стотиците случаи на поткопување на бугарското достоинство од страна на македонските власти и граѓани. Пред неколку дена, илјадници Бугари беа блокирани на границата со Северна Македонија, а никој не ја посочи причината. Ние сакаме правда“, изјавил Јордан Канев од фан клубот на ЦСКА Софија.