ПОМОШ ОД РЕКАНЦИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО СИРИЈА И ТУРЦИЈА

0
371

Жителите од реканскиот крај сообраа голем број донации кои се товарени и испратени во Турција за помош на настраданите во земјотресот.

-Почитувани Хумани Реканци, сакаме да ве известеме дека Донациите денес се товарени и испратени! Благодарност до сите , уште еднаш покажавме дека ХУМАНОСТА владее во Река !

Благодарност до секој еден кој учествуваше во оваа хуманитарна акција. Посебна благодарност и до г-дин Аркан Керим кој беше поддршка на оваа акција ,како и организацијата за транспорт!, соопштија организаторите на собирањето на помошта.