Мисовски ЖЕСТОКО ГО РАСПУКА И ТРЕСНА ОД ЗЕМЈА министерот Тодоров: Вие сте директно одговорен за смртта на малата Тамара!

0
1195

Министерот за здравство, Никола Тодоров, имаше прилика повторно да ги чуе зборовите на мајката на починатата Тамара која на одржаниот протест за оставка рече дека девојчето би можело да преживее доколку не се чекало од Министерството да ја испрати на лекување во странство. Пораките на мајката ги цитираше пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, на денешната расправа за интерпелација на министерот, пренесува „А1он“.

-Вие сте директно одговорен за смртта на малата Тамара. Вие лично, директорката на Детска клиника и директорката на Фондот за здравствено осигурување. Нели ви одѕонуваат во вашата совест пораките на мајката на Тамара: „Господине Тодоров, дали ме слушаш? Три години од врата на врата молев. Испадна дека јас сум ја негувала Тамара погрешно. Да не излезевте со својата изјава дека Министерството ќе ја испрати во странство и ќе ги покрие трошоците, ќе најдев добри луѓе кои ќе и помогнеа на Тамара преку донации и ќе беше жива.“ – посочи Мисовски.

Тодоров, потсети тој, лично изјави дека ќе се заземе државата да ги покрие трошоците за несреќно починатото девојче.

-Од пропагнадани причини го лажевте семејството на Тамара. Во говорот денеска не почувствувате потреба да се извините на родителите на Тамара. Ваквото однесување на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ не е реткост, граѓаните веќе отрпнаа. Не можам да разберам како не проработи човечноста кај вас. Имате починати родилки во Тетово, Гевгелија, во Скопје. Еден очен лекар ослепе пациент, а се правите дека ни сте го виделе ни сте го чуле, ни зборите овде за орманчиња и плакарчиња  – рече Мисовски.

Пратеникот го цитираше и таткото на Ана Марија, која почина на Инфективнта клиника, а каде вели дека била здраво дете кое освен на матичен нема отидено кај друг доктор.

Вашето име, му рече Мисовски на Тодоров, го следат лоши вести. Мисовски потсети на вестите дека над 20.000 пациенти останале без инсулин, дека на штрајкот на лекарите возвратил со контраштрајк, на фрапантните податоци за смртноста на бебињата, како и на тврдењата од „бомбите“ дека Тодоров ургирал сопруга на негов пријател да се вработи како судија.

Повеќе ОВДЕ