КОНЗУЛСКА БИТОЛА Е ЕВРОПСКИ ГРАД – ХРИСТО КОНДОВСКИ НАЈАВУВА СОРАБОТКА СО ЗБРАТИМЕНИТЕ ГРАДОВИ

0
657

Битола е европски космополитски град, но сега тој статус треба да се стави во функција на уште поголема промоција на Општина Битола и засилување на нејзината улога во меѓународната соработка, напиша на Фејсбук бизнисменот Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ.

„На средба со конзулите, во присуство на пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска и носителот на советничката листа на СДСМ, Александар Димовски, ја разгледавме потребата од засилен ангажман во областа на промоцијата на брендот на конзулска Битола, размена на делегации со други држави, подигнување на нивото на соработка со збратимените градови и отворање нови можности за меѓународно образование и мобилност на битолските студенти.

Воедно, разговаравме и за важноста од отворање на Europe House во Битола, како ново катче каде што секој граѓанин, но и секој посетител на Битола ќе може да ги почувствува европските вредности на битолско тло“, напиша Кондовски на Фејсбук.