СТОЈАНЧЕ ЌЕ СОРАБОТУВА СО КОЛЕГИ ОД ГРЦИЈА : ЗАПОЧНА ПРОЕКТ ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ ШУМСКИ ПОЖАРИ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД КАТАСТРОФИ

0
423

Како што информира ЦУК на денешната конференција проектот е финансиран преку ИПА фондовите на Европската Унија и е во вредност од 1.392.073,50 евра.

Како што информира ЦУК на денешната конференција проектот е финансиран преку ИПА фондовите на Европската Унија и е во вредност од 1.392.073,50 евра.На конференцијата беше наведено дека цел на проектот е зголемување на отпорноста на прекуграничните заедници за опасноста од шумски пожари со подобрување на подготвеноста на локалните заедници преку системи за паметно управување со пожари, како и подобрување на соработката и координацијата со избегнување дуплицирање, преклопувања и откривање на критични недостатоци за воспоставување ефикасен систем за управување со пожари.

Како што образложија од ЦУК, во врска со системот за управување со шумски пожари базиран на ИКТ се предвидува ИКТ систем за рано откривање и предупредување за шумски пожари, детални, геопросторни дигитални карти во врска со опасноста и ризикот од шумски пожари во прекуграничните области, како и единствена точка за обезбедување на клучни информации за популацијата за безбедноста од ризик од пожар во граничниот појас.Со цел да се зголеми отпорноста на прекуграничните заедници на опасност од шумски пожари преку подобрување на знаењето за вистинската изложеност на ризик и ефективен одговор во случај на вонредна состојба, како што додадоа од Центарот за управување со кризи, се планирани прекугранични мрежи прилагодени за пожар за потребите на заедниците, алатки за правилно постапување во урбаните средини и шумите, материјал за обука за шумски пожари на заедниците, насоки за проценка на ризикот од шумски пожари во прекуграничната област, како и ефикасни противпожарни возила.

Во однос на подобрување на соработката и координацијата во прекуграничниот регион во рамки на проектот се предвидени насоки за проценка на ризикот од шумски пожари во прекуграничната област, протоколи за заедничко користење на ИКТ системот, заедничка програма за обука на прекуграничните власти, заеднички протоколи за прекугранично управување со пожари, прекуграничен акционен план за ублажување на ризикот, заеднички насоки за идентификација на ризичните вредности и заедничка методологија за попис и мапирање, како и заеднички насоки за класификација на дрвото како гориво за прекуграничната област и упатства за мапирање и проценка.Целиот проект за ЦУК ќе значи рано откривање на шумски пожари во почетна иницијална фаза, брза реакција во справување со шумските пожари, лансирање на платформа за размена на податоци и информации, координација на локално ниво, подобрување на прекуграничната соработка, унифицирана платформа на системот кој може да комуницира со други системи и надградба на постојните системи.Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов нагласи дека тоа е само еден многуте проекти со кои се зајакнуваат капацитетите на Северна Македонија за прекугранична соработка при загрозување од пожари на отворен простор.

– Како што е општо познато пожарите не познаваат граници, а ова е еден од чекорите за зајакнување на соработката, трансфер на знаење и пренос на релевантни податоци како во рамките на самата држава, така и помеѓу двете држави, помеѓу Северна Македонија и Грција. Да се учествува во континуитет во проекти на Европската Унија со прекугранична соработка е привилегија на ЦУК, привилегија на Југоисточниот плански регион на Република Северна Македонија, како и привилегија на регионот Централна Македонија во Република Грција, кои се вклучени во имплементацијата на овој проект. Но, воедно и начин за зајакнување на сопствените сили и способности за собирање на релевантни и навремени податоци поддржани со мапи, како и можности за прекугранични податоци за овозможување соработка и поддршка помеѓу двете држави при појава на пожар на отворен простор – истакна Ангелов.