(ВИДЕО) Николовски: Живот ќе има и во селата и во градовите!

0
1164

„Нема да застанеме со работа. Ќе го вратиме животот во селата и градовите. Ќе ставиме крај на масовното иселување од третата изборна единица. Ќе го запреме понижувањето на земјоделците и работниците! Особена грижа ќе им посветиме на работниците во рударството и текстилната индустрија.

Имаме план и мерки преку кои ќе ја намалиме социјалната разликата, така што секој работник ќе добива достоинствена плата од која ќе живее, а нема да преживува“, рече носителот на кандидатската листа во третата изборна единица, Љупчо Николовски.