(ВИДЕО) Трајчевска од ВМРО ДПМНЕ: Во Битолската болница владее хаос!

0
931

Во Битолската болница владее хаос. Внатре во ходниците новиот режим на влегување и посета предизвика револт кај пациентите. Редици од револтирани пациенти и граѓани кои се дојдени во посета чекаат на шалтерите. Хоспитализираните пациенти, дел од новогодишните празници на -20 степени ги поминаа без парно, а голем дел од лековите и терапијата пациентите се приморани да си ги купуваат сами затоа што Клиничка болница нема голем дел од лековите, изјави Елена Трајчевска – член на Совет на Општина Битола и член на ОК Битола која додаде:

„Пациентите за многу видови на испитувања се препраќаат во Скопје и се изложени на дополнителен трошок иако Клиничка болница има соодветни апарати но за истите нема доктори. Од другата страна на ходниците пак во дворот, само кал и ѓубре.“

Трајчевска потенцира дека до пред само една недела одделот онкологија не беше пристапен затоа што не беше исчистен снегот од дворот на Клиничка болница, а деновиве поради дождот, истиот тој двор на Клиничка болница наликува на базен, а за да стигнат до одделот Заразно поради големите дупки навистина е предизвик.

Почитувани функционери од власта, да ве потсетиме затоа што очигледно вие заборавивте ветивте нов Клинички центар во Битола! Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи надворешна реконструкција на Болницата, во втората фаза следуваше внатрешна комплетна реконструкција која вие после преземањето на власта требаше да ја реализирате, но и после две години владеење од тоа нема ништо. Почитувани, граѓаните очекуваат реални и суштински реформи во здравствениот систем, а неограничувања, нечистотија и недостаток на основните лекови, подвлече Трајчевска.