СТОЈАНОСКИ ДО КОВАЧЕВСКИ : КОЈ Е ВАШИОТ ИЗГОВОР И КОЈ ЌЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ЗА ТОА ШТО АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД НЕ Е ЗАВРШЕН ДО МОМЕНТОТ И РОКОТ КОЈ ШТО ВИЕ ГО КАЖАВТЕ?

0
285

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за поставување на пратенички прашања му постави три пратенички прашања на Димитар Ковачевски, кои се однесуваа на изградбата на автопатот Кичево Охрид, започнување на преговорите на Македонија со ЕУ како и прашање за усогласување на платите со минималната плата.

Стојаноски го потсети Ковачевски на фамозната изјава каде што го повика министерот за транспорт и врски Благој Бочварски да стане да го види цела сала и да му каже дека тој ќе биде одговорен за овој проект да се заврши до 2023 година, укажувајќи дека автопатот се уште не е изграден.

Според вашите лажни тврдења и празни ветувања автопатот Кичево Охрид требаше да биде готов до крајот на 2023 година. Тоа е ваша изјава. Но, денеска пред почеток на седницата видов дека со одлука на влада сте го продолжиле рокот за изградба на автопатот. Вие застанавте пред народот на 19 ноември 2022 година и ветивте дека од јануари 2024 година граѓаните ќе возат по нов автопат во Охрид. Тогаш рековте, Благој е одговорен овој проект да се заврши до крајот на 2023 година. Тоа беше она популарно видео каде што рековте стани Благој да те види сала и Благој е одговорен овој проект да се заврши до крајот на 2023 година.

Но, со оглед дека проектот е далеку од завршен, дека автопатот не е готов, се поставува прашањето дали во својство на министер за транспорт и врски ќе го повикате Благој Бочварски на одговорност. Во истото тоа виде, вие велите дека ако се сака, тогаш се се може, нема изговори и нема предавања. Тогаш кој е вашиот изговор што овој проект не е завршен, односно дали и кој ќе сноси одговорност за тоа што автопатот Кичево Охрид не е завршен до моментот и рокот кој што вие го кажавте, праша Стојаноски.

Второто прашање Стојаноски го постави до Ковачевски се однесуваше на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, укажувајќи му на Ковачевски дека дипломатијата не е само исполнување на туѓи желби, туку вештина за водење на надворешна политика односно да го зачувате вашиот државен и национален интерес, а притоа да стигнете на патот на кој сте тргнати.

Македонија повторно не доби датум за почеток на преговори со ЕУ. Дали вие дипломатијата ја разбирате само како виткање на кичма и коленичење пред туѓи интереси, односно исполнување на шовинистички или мегаломански барања, праша Стојаноски и додаде:

Дали до сега вашата влада која што е “најевропска“ не можевте да убедите некои од сериозните европски политичари да го повикаат бугарскиот премиер да излезе на кафе, па и македонскиот народ по сите понижувања кои што ги имаше изминатите години да се стекне со статус кој што одамна веќе беше заслужен. Зошто Македонија нема сојузници кои што ќе може да ги повикаат вашите бугарски колеги да излезат на кафе, праша Стојаноски.

Третото прашање Стојаноски рече дека пред почетокот на седницата им испратил порака на претседателите на КСС и ССМ што сакаат да го прашат Ковачевски, потенцирајќи дека синдикатите реагираат дека во наредната година во буџетот кој што беше изгласан нема обезбедено средства за усогласување на сите други плати со минималната плата.

Пред седницата им испратив порака на најголемите синдикати КСС и ССМ дали сакаат да го прашат нешто премиерот. Зошто владата упорно ги лаже и манипулира синдикатите. Синдикатите реагираат дека во наредната година во буџетот кој што беше изгласан нема обезбедено средства за усогласување на сите други плати со минималната плата, вели Стојаноски.

Стојаноски го праша Ковачевски со кое лице ќе излезе на следните избори да го бара гласот и довербата на работниците кога не го слуша нивниот глас, ниту пак ги исполнува нивните барања.

Од тука клучната порака на синдикатите е дека буџетот за 2024 година ниту е развоен ниту е одржлив, ниту пак помага на работниците. Со кое лице Ковачевски ќе излезете пред работниците на следните избори кога не го слушате нивниот глас и кога не сте заитересирани да ги исполните нивните барања, заклучи Стојаноски.