ТОШКОВСКИ ОЧЕКУВА ЗА МЕСЕЦ И ПОЛОВИНА ДА БИДАТ ИЗГОТВЕНИ ПАСОШИ ЗА ДОСЕГА ФОТОГРАФИРАНИТЕ ГРАЃАНИ

0
254

ВМРО – ДПМНЕ ќе победи на изборите и сигурен сум дека ќе формира Влада и тоа на начин што врз основа на принципи и вредности да даде максимум од себе, рече министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, во „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија.На прашањето ако услов бидат уставните измени, тој потенцира дека на средбите со сите амбасадори им вели дека најголема негова желба е да ја види Македонија дел од европското семејство.

–  Нека го сменат законот, барам 10 месеци, барам разумност. Само ние го кршиме меѓународно право моментално, само Македонија и Грција, рече Тошковски.

Според него, фотографирани граѓани кои не добиле патна исправа се околу 105 илјади, како што рече, тие кои се фотографирани заклучно со денеска, би ги добиле пасошите ако оди динамиката како што треба, ќе ги добијат максимум за месец и половина. Во овој момент, Тошковски информира, на активниот телефонски број за закажување за вадење нови лични документи има 75.000 нови закажувања за фотографирање. Додава и дека во текот на изминатите денови се направени презакажувања за дополнителни 56 000 лица кои претходно имале закажано термин за фотографирање за во јуни, јули или август.

Во однос на проблемот со патните исправи, како што наведе, за здравствени случаи, „за не дај Боже случаи“ каде има потреба од итност, луѓето можат да исконтактираат со неговиот и со кабинетите на дополнителниот заменик министер или на заменикот. Со соодветна комуникација за тие луѓе секогаш ќе се обезбеди пасош и затоа секогаш оставаме одредена бројка од илјада или две илјади зависи од тоа колку обрасци имаме, наведе Тошковски.Прашан за тоа дали постојат „свароски“ списоци за фотографирање за пасоши, Тошковски одговори дека за ова прашање треба да се прашаат дополнителниот и заменикот министер во МВР, а тој, како што рече, „ќе си ќутам на ова прашање“.

Говореше и за загриженоста, како што рече, од страна на нашите меѓународни партнери за проблемот со патните исправи, кои биле истакнати и на состанокот којшто го одржа Комитетот за патни исправи на Европската Комисија.

– Во официјалниот допис по одржаниот состанок на 13.02.2024 година гласи: „Земјите членки изразуваат разбирање за прашањето и волја за надминување на проблемот преку изнаоѓање на практично решение во најкус можен рок. Претставникот на еден од директоратите повтори дека на одржаниот состанок на Комитетот за патни документи било докажано разбирање и флексибилност меѓу земјите членки во однос на техничката природа на прашањето. Со оглед дека само Грција ги известила дека не ги прифаќа пасошите со старото име на државата, во принцип тоа би значело во моментот граѓаните на Македонија можат да влегуваат и излегуваат во други земји членки на ЕУ, но со укажување дека конечната одлука за прифаќање на старите пасоши на самата земја членка на ЕУ“, цитира Тошковски.

На новинарско прашање дали има чувство дека ја има контролата во МВР, техничкиот министер за внатрешни работи истакна дека позицијата на технички министер е малку нелагодна затоа што, како што рече, мојот потпис е врзан со потпис на дополнителен заменик – министер.За соработката со Митко Бојмацалиев, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи во техничката влада, Тошковски потенцира дека нормално е да се соработува посебно во позиција кога прва и основна цел треба да ни е дека ќе имаме мирни и фер деморкаткси избори.

Тука треба да сме посветени и фокусирани и на сите средби што ги имаме изминатиот период со сите амбасадори и со овластени претставници на ОБСЕ на ОДИХР сме заедно. Тие се поканети на сите средби што ги имам со сите наши пријатели од меѓународната заедница, кабинетите комнуиицираат и нивна е одлуката да ќе дојдат на одреден состанок со амбасадори или не, рече Тошковски.