БОЧВАРСКИ : ТРАНСПОРТЕРИТЕ И ПРЕВОЗНИЦИТЕ СО ПРИОРИТЕТ ЗА НОВ ПАСОШ

0
296

На сите транспортери и превозници кои вршат транспортна дејност и поседуваат сертификати за професионални возачи, во следниот период им се овозможува по брза лента да можат да ги заменат своите патни документи, истакна денеска во Штип, министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Благој Бочварски кој имаше средба со претставниците на транспортните фирми во источниот регион.

Тој посочи дека оваа мерка беше договорена по барање на Министерството за транспорт и врски и здруженијата и асоцијациите на транспортери и превозници на Македонија, а во соработка со Министерството за внатрешни работи.