КОВАЧЕВСКИ : МИ БЕШЕ ЧЕСТ ДА ПРИСУСТВУВАМ НА СРДЕЧНИОТ ПРИЕМ ОРГАНИЗИРАН ОД СТРАНА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВИЕНА, МАЈКЛ ЛУДВИГ

0
396
Ми беше чест да присуствувам на срдечниот прием организиран од страна на градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг.

Пријателски продискутиравме за важноста од функционални урбани средини, развиена градска патна инфраструктура и транспортни системи, нешто што беспрекорно функционира во австриската престолнина.

Евроинтегративниот процес на Северна Македонија ќе има придобивки како за државата, така и за севкупниот локален и регионален развој на земјата.

Затоа треба да ги искористиме достапните фондови за модернизирање на градовите и на сите општини во интерес на граѓаните. Сето тоа значи развој и на севкупната економија.