ПЕШЕВСКА: НЕВЕРОЈАТНО, КОЈА Е ОВАА ЗАБЕГАНОСТ: СПОРЕД ВМРОВЦИТЕ ТИЕ БИЛЕ ЖРТВИ НА 27 АПРИЛ, А НЕ ТЕПАНИТЕ ПРАТЕНИЦИ КОИ ЗА МАЛЦЕ ЌЕ БЕА ЛИНЧУВАНИ, А СЕЛА БЕШЕ СО ЕДНА НОГА ВО ГРОБ?!

0
1126
27 Ноември 2017 година нешто пред 05:00 часот наутро мојот дом беше под полициска опсада и со кршење на влезната врата пред очите на моите три малолетни деца кои видно беа вознемирени хунтата на СДСМ ми стави лисици на рацете за терoристичко загрозување на уставниот поредок на Република Македонија. Откако влегоа во домот започнаа постапка на претрес, не ми дозволуваа ниту да се обидам да ги смирам децата.
Ме спроведоа во судот, цели 16 часа со лисици на рацете чекав во една сала заедно со другите приведени за потоа нешто пред 02:00 часот по полноќ на 28 Ноември да ми кажат дека сум слободна и дека неможат да ми земат изјава, бидејќи имам имунитет.

По два дена “европските” пратеници од СДСМ гордо гласаа да ми се симне имунитетот и да ме испратат во притвор. И тоа се случи. Судот ми определи мерка домашен притвор.

И се ова за на крај да ми кажат нема докази и да донесат решение за запирање на истрагата против мене.
Велат: Христијански е да се прости, а човечки да не се заборава. СДСМ направи зло на многу семејства. Моето семејство е едно од нив. Последиците од траумите од овие случувања моите деца, сопругот, јас и мајката на мојот сопруг ги чувствуваме и денес и ќе ги чувствуваме засекогаш. Но има луѓе кои поминаа и полошо од мене. Денес и после 5 години има неправедно осудени луѓе кои се одделени од своите семејства и своите деца само затоа што си ја сакаат својата Македонија.
Неправда ќе има во Македонија се додека нашите браќа се во темните зандани.
Многупати сум напишала, а ќе напишам и денес: реваншизмот кој го спроведува СДСМ преку политичкиот прогон не носи добро на никој. Затоа што реваншизмот, раѓа желба за нов реваншизам!
Еден ден не многу далеку од денес и за овие недолжни луѓе ќе изгрее сонцето на слободата!
Жаклина Пешевска се жали поради затворените од 27 април.