ЈАКИМОВСКИ : КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИНСИСТИРАМ НА ЈАКНЕЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ВО НАТО И ПОЧИТ КОН МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ОД СТРАНА НА НАТО, НАШИОТ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР САД И ЕВРОПСКАТА УНИЈА

0
48

Јасно ќе ставиме до знаење дека за влезот во Европската унија сме подготвени да чекаме до 2030 година. Ќе ги направиме сите реформи кои се потребни и доколку по 2030 година не бидеме примени во ЕУ нема да се откажеме од европскиот пат, но ќе бараме сопствен пат за развој на Република Македонија, а пред сѐ за носење на инвестиции и за отворање на работни места.

Ќе се залагам за јакнење на економската дипломатија и во исто време ќе инсистирам Република Македонија да подготви проекти за најмалку 50 милијарди евра со коишто ќе се побараат директни странски инвестиции во нашата држава и нашите компании да се подготват за обновата на Украина.