ЈАКИМОВСКИ : НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА СЕ СЛОЖИМЕ СО УСТАВНИ ИЗМЕНИ, ЗАТОА ШТ ТОА ШТО ТИЕ НИ ГО НУДАТ Е ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ГРАЃАНИН НА РАТИ

0
53

Ние не можеме да се сложиме со уставни измени, затоа што тоа што тие ни го нудат е обезличување на македонскиот граѓанин на рати, не сега, но постепено и слично на изјавата на Питу Гули кога Никола Карев му вели „да се повлечеме Питу, затоа што ова ќе биде ужасен крај“, а тој му вели „подобро ужасен крај, отколку ужас без крај!“.

Тоа што останатите го нудат на македонскиот народ е ужас без крај. Сега да го смениме Уставот, а потоа да прифатиме дека сме народ од 1944 година, а потоа да прифатиме дека нашиот јазик е наречје на бугарскиот јазик, а потоа да прифатиме дека нашите револуционери, вклучувајќи го и Гоце Делчев, дека не биле Македонци по род.

Македонија треба да избере претседател со став, човек кој ќе го издржи притисокот и нема да дозволи обезличување на македонскиот народ. Јас ќе бидам претседател и заштитник на сите граѓани, а Македонија секогаш ќе ми биде на прво место!
#ЗаокружиБројТРИ
#ХраброЗаМакедонија