(ВИДЕО) Одговор на новинарски прашања од Заев: Испраќам порака, да не помислат да ја спречат мнозинската волја, ниту да ги плашат граѓаните!

0
988

Прес конференција,
Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Р.М.
Скопје, 27.04.2017

Медиуми: Зборувате за транспарентност, но јавноста со месеци наназад е гладна за одговори, а одговорите на парламентарното мнозинство се движат отприлика „ќе биде“ „денес утре, за два дена, за пет дена“. Каква е таа транспарентност за која се залагате, наспроти вашите постапки и кусо само, вашиот став за денештото разрешување на директорката за финасиско разузнавање?

Заев: Значи сето она што го правиме, јас го кажав и во ова мое обраќање и ќе го повторам, од секаков вид на кризи на граѓаните им е преку глава, ние мораме да бидеме внимателни, претпазливи, трпеливи и присебни, тоа го демонстрираме постојано. Oформено е мнозинство, тоа постои таму во Собранието кое што има право и по Устав, и по закон, и по Деловник, да носи одлуки. Но знаејќи го ВМРО ДПМНЕ, сме го гледале и на 24.декември 2012 година, сме го гледале и многу порано во своето однесување, не посакуваме да се најдеме сите во состојба, посебно и граѓаните на државата, каде што ќе се отворат повторно разговори за тоа кој бил виновен, зошто тоа се направило, дали било неопходно насилство, зошто е ова блокирање на нов начин или слично. Затоа еве гледате кротко, пополека ги најавуваме процесите, и денеска ги најавивме со моето деловничко обраќање, со моето обраќање овде. Јасно им е на сите дека парламентарното мнозинство ќе одлучува. Ако беше до трпение, еве 31-ви ден е од кога почна дискусијата по третата точка, колку да оставиме уште месец, два, три, колку?! Ќе нема субвенции, ќе нема плати, ќе престанат плата да зимаат учителки, наставнички и воспитувачки, ќе застанат институциите. Еве сме 11 години опозиција, да останеме уште два, три, пет месеци, тоа не е проблем за опозицијата – каде е одговорноста пред граѓаните и пред државата?! Затоа еве вака како што денеска ги најавуваме работите, и чекорите што ќе се случат непосредно пред одлуката за избор на претседател, вие медиумите ќе знаете – зошто, заради тоа што преку вас ќе знаат граѓаните, ни требате овде, следете го процесот ќе го направиме тоа, согласно Устав, закон и Деловник.

Медиуми: Штотуку добивте предупредување долу во пленарната сала да не се обидувате да направите државен удар – она што вие го најавивте за ВМРО ДПМНЕ е рамно да државен удар?

Заев: Будалаштина е државен удар. Оформено и декларирано парламентарно мнозинство кое што сака да носи одлука во парламентарна демократија не е државен удар. Тоа се само глупави закани, од тоа што некогаш значеше мнозинство, сега е малцинство во Собранието на Република Македонија. Ја испраќам пораката да не се обидуваат за оваа работа, Уставот е јасен, има Парламент којшто е во постојано заседание, ингеренциите се на Парламентот, да не ги плаши некој граѓаните, нас сигурно нема да не исплашат. Храброст и решителност сите знаат дека не ни недостасува, пораката беше кон граѓаните да се заплашат, не треба да се плашат. Нема ингеренции Ѓорѓе Иванов кога заседава Парламентот, а Парламентот заседава, закажана е седницата, течат расправите, така да никој не може да прави нешто што е спротивно на интересите на државата. Впрочем и ние нема да дозволиме никаква провокација и некој воопшто да размислува за таква работа. За разрешувањето на директорката, за мене тоа е соодветно на оставка на директорот на Платежната агенција, порано, оставките што паднаа и од министерот Зоран Ставревски и на други министри, на коишто им е преку глава да ги извршуваат директивите, наредбите нахални, од страна на луѓе кои прават се за да се заштитат од одговорност. Реков, ќе се оди толку често на суд, колку што има основани сомненија за кршење на законот и Уставот. Одам на суд секоја недела, меѓу време сум на обвинителства, ќе одат сите. Законот мора да биде еднаков за сите, право и правна држава мора да владее повторно во Македонија.

Медиуми: Дали вие од СДСМ сте спремни да одите на заеднички парламентарни и претседателски избори доколку Иванов се откаже од својата функција?

Заев: Има оформено мнозинство, тоа постои, видливо е, јасно е, треба да му се даде шанса. Нашето гласачко тело е охрабрено, виде дека и во услови на режим, еве го може, формирано е мнозинство, не веруваа луѓето, па не гласаа, не веруваа некои и гласаа со недоверба. Сега кога видоа дека може, убеден сум дека 5 мандати повеќе ќе добиеме, но чуму и на кого би му било тоа од корист, на нас само од СДСМ, граѓаните ќе изгубат, нови пари, нови месеци. Еве да сум комплетно грешка, другата крајност е ВМРО ДПМНЕ да добие 5 пратеници повеќе, нека добие и 60 пратеници, со кого ќе прави Влада, што – ќе го испари тоа што албанските политички партии го имаат како стартни позиции во преговори? Ќе го избришеме од колективната меморија? Тоа е само изговор да се купува време. Новото парламентарно мнозинство може ќе има иднина само три месеци, може ќе има една година, може ќе има три години, може четири години, заслужува да добие шанса! Реформите се пред нас, можеби ќе бараме избори ние за една година, можеби Никола Груевски ќе бара за година, две, никој не може тоа да го каже, но ако треба да има избори, сигурно дека треба да се бира и претседател на државата, по се ова.

Медиуми: Експертите сметаат дека секој нов ден изгубен во Собранието е изгубен ден за СДСМ, а победа за ВМРО ДПМНЕ, дека граѓаните коишто гласале за СДСМ, сепак ќе го испитаат својот глас?

Заев: Немојте да се плашите, граѓаните ја знаат целата вистина во државата, не ни треба никакви стравувања

Медиуми: Како би изгледало тоа што го велите, мнозинството да избере претседател на скали или негде на друго место?

Заев: Навистина Уставот, деловникот, законот, Собранието ги дава сите можности, можеме тоа да го направиме во Пленум дај боже да биде така, во Пленарната сала така треба да биде тоа е редот, можеме да го направиме во Сала Борис Трајковски, каде што се држат комисиите, можеме во било која друга сала, можеме на скалите каде што се слика Владата, со лично поединечно изјаснување на секој, согласно Деловник, можеме дај боже се надевам дека ќе прифати тоа ВМРО ДПМНЕ да преминеме по 4-тата точка по пат на дискусии да дојдеме до изборот на Претседателот на Собранието. Можеме во амфитеатарот на Правен Факултет, можеме во салата на МАНУ, можеме во Пелинце, можеме во Крушево, можеме и во моја Струмица, можеме во некој од хотелите, можеме секаде. Постои тоа мнозинство. Суверенитетот граѓаните го предаваат на пратениците и тие имаат право да носат одлука додека се мнозиство, го знам јас тоа го знае Никола Груевски, го знаат сите. Еве ако е тешко после 11 години да премине во опозиција, еве 5 недели да се испразнат, дадовме, страшно е дека ќе се оди по судови, е страшно е. Не се умира од тоа. Промените мора да се случат, и никој не може да ги спречи. Процесите, демократија, слобода, правда ќе се вратат во Македонија, тие итаат и никој не може да ги спречи.

Медиуми: Кој ќе ја свика таа седница?

Заев: Деловникот ако го читате дава убава деловничка можност како да се дојде од страна на мнозинството до избор на претседателот на Собранието.

Медиуми: Навистина мислите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од се ова што го прави?

Заев: Еве и во оваа моја изјава и во одговорот на прашањата јас ги повторувам на кроток и на посебен начин сите пораки. Пораки на соработка ќе си требаат, реално заради граѓаните. Ние можеме да бидеме политички различни се обратив на говорница со целата внимателност, култура и почит кон сите ако има малку здрав разум ќе направат чекор за навистина да се има дебата, никој не сакаме да се затвори дебатата, но нејќеме дебата на точката на дневен ред, ако има реплика нека има реплика, но нека биде тоа за да се поправи одреден наод или да се корегира одреден наод се знае, деловникот е јасен. Само строго почитување на деловникот, постои можност сме имале 5 недели, можеме да почекаме уште два, три дена, пет, ако оди по деловник толку треба да заврши изборот. Но еве гледаме доле што се случува тоа испраќа порака дека време е Парламентраното мнозиство да си го земе правото и обврската да избере претседател од своите редови и си понесе одговорност за водење на Парламентот пред граѓаните на Република Македонија.

Медиуми: Кога? Уште денеска?

Заев: Отворени се сите можности. Верувајте дека тоа ќе го направиме во момент кога тоа ќе биде од секој аспект најуставно, законски, деловнички и внимателно, пред се. Ќе го направиме. Трпевте и вие пет недели, трпеа граѓаните пет недели. Колку треба, толку треба, ова треба да се заврши без предуцирање било каква друга насока.

Медиуми: Велите дека Уставот и Деловникот го дозволуваат ова. Зошто не го направите тоа доколку го дозволуваат?

Заев: Го дозволуваат комплетно. Ќе го направиме во моментот кога ќе ја донесеме одлуката како мнозинство. СДСМ има 49, ДУИ има 10, БЕСА има 5, Алијанса за Албанците има 3, ДПА има 2. 69 пратеници стојат зад процедурата час поскоро да заврши.

Медиуми: Ова значи дека немате поддршка од ДУИ?

Заев: Има поддршка од сите партии. Само се сите сериозни заради тоа што огромен дел од нив декларираат идно мнозинство и за Влада. Тоа значи трезвеност и согледување на сите аспекти пред да се преземе чекор. Верувајте, ќе го направиме тоа во соодветно време.

Медиуми: Господине Заев, зошто чекавте пет недели и дали позади ова чекање се крие, како што се зборува, топло-ладниот однос на вашиот коалициски партнер ДУИ којшто не се согласува со чекорите коишто треба да ги преземете?

Заев: Знаете како, можеби поединци некои од партиите даваат основи за некакво сомневање. Знаат и врапчињата во државата дека ВМРО-ДПМНЕ ги затвори сите врати и со ДУИ и со другите албански партии. Знаат сите дека ДУИ донесе одлука на Централното претседателство да коалицира со СДСМ.

Медиуми: Па тогаш зошто чекате?

Заев: Внимателноста и претпазливоста на процесот се важни. Еве, ги испукаа сите куршуми. Што кажуваат? Ништо друго не кажуваат освен тоа со што ја замараат целата македонска јавност. Ништо друго. Нека види јавноста. Ако треба тоа да биде внимателно и претпазливо направено, треба да биде направено така. Ние можевме и на 29-ти март кога тргна седницата. Нека се искажат, можеби нешто ново ќе покажат. Не. Само банално блокирање на Собранието.

Медиуми: Има ли согласност од ДУИ, најстариот пратеник да ја свика седницата, Бранко Манојловски?

Заев: По Деловникот, најстариот пратеник има право да води седница. Секако, присутниот најстар пратеник ќе ја води седницата.

Медиуми: Може ли да се случи да го чекате новиот спикер со средбата на американскиот функционер Хојт Ји?

Заев: Не верувам дека тоа едно со друго е поврзано. Не гледаме вака на работите. Јас би сакал кога ќе дојде господинот Хојт Ји да има писмо од Талат Џафери до Ѓорге Иванов за да добие 10 дена и тој правен аргумент да биде отстранет. Со Програмата на новата Влада политичкиот дел е отстранет. Но тоа зависи од парламентот и од одлуките на парламентот.

Медиуми: Значи, за изборите, колку што разбрав, е услов Иванов да се откаже од својата функција за да има еден пакет на избори?

Заев: Да ве повикам на лидерска средба да ја договориме оваа работа? Сакаме да ја преговараме отворено пред камерите, за каков вид на избори? Се извинувам, ние остануваме на ставот – има формирано мнозинство, тоа треба да добие шанса. Никаква друга алтернатива не е за разгледување.

Медиуми: Доколку не постои тиранската платформа, зошто едноставно не го изустите тоа што го бараат сите од вас, да кажете дека се откажувате?

Заев: Постојат почетни позиции на албанските партии заради нивно ветување на гласачите на изборите. Тоа било така и 2011 кога ветиле унапредување за Законот за употреба на јазиците, користење на знамето, Законот за знамето, хашките случаеви. Тогаш не го вети тоа Никола Груевски на граѓаните, а го преговараше. Така? И го договори. И добро е што го донесе. Еве го мојот личен став за ова прашање. Ова се почетни позиции. Ќе одиме на избори? Албанските политички партии, нормално, пак ќе ветат нешто на граѓаните. И ќе седнат после избори пак да преговараат. Не може Никола Груевски да бара од мене отфрлање јавно на некаква си платформа, декларација или не знам што, а тој самиот тоа не го направил Зошто меѓу 9-ти јануари и 29-ти јануари, јавно тоа не го отфрли? Апсолутно, ќе ми кажете што тоа е лошо во таа платформа, па после тоа ќе дебатираме.

Медиуми: Значи отворени сте за избори?

Заев: Даваме шанса на оформеното мнозинство да состави влада. Тоа, Никола Груевски е отворен за избори за да купи време.

Медиуми: Дали можеби во вашите разговори со Груевски пред да почнете преговори со ДУИ сте добиле понуда да ви ги дадат четирите години власт за откажување од Платформата?

Заев: Не. Апсолутно не. Ниту пред да почне тој да преговара со ДУИ ние сме добиле таква понуда.

Медиуми: Господине Заев, велите дека Груевски бара од мене да се откажам од нешто од што и самиот не се откажал. Значи Вие сте ја прифатиле платформата, а велите, сега ова не е точно?

Заев: Не знам како поинаку да објаснам. За да преговарате за документи… тоа е Планот за живот во Македонија, политичката програма на ДУИ, на БЕСА, на Алијанса за Албанците, треба да имате мандат. Добивањето на мандатот значи да ве легитимираат органите и телата на СДСМ, а исто така и нив, да преговараат. Ние разговаравме, не преговаравме, оти ни требаа потписите коишто ни ги побара Иванов, неферски. Појаснивме свои позици и стојалишта. Впрочем нашиот концепт едно општество за сите ги имаше дефинирано нашите позиции. За да можеме да преговрараме за било каков документ, за ресори, за имиња, за било што треба да добиете мандат. И логично беше да почекаме да добиеме мандат за да отвориме преговарачки процес. Тоа е редот на работите. Во Македонија поради тоа што не им се дава власта, заради тоа што тоа пусто столче сакаат сеуште да го држат, измислија потреба од потписи. За да ги добиеме потписите потенцијалните партнери бараа да видат наши стојалишта кои се во поглед на важните прашања што тие ги ветиле на граѓаните. И ние ги соопштивме нашите стојалишта да ги добиеме потписите. Ако добиеме мандат и преговараме за Влада тогаш ќе ги кажеме точно и нашите ставови. Како да кажам кога ни СДСМ не овластил, ниту пак Иванов доделил мандат, што да кажам кога немаме преговарано.

Медиуми: Програмата за Влада чија е?

Заев: Програмата за Влада е од страна на СДСМ, објавена е транспарентно во консултација со потписниците коишто дадоа поддршка за добивање мандат.

Медиуми: Дали мислите дека и вие индиректно го кршите Уставот затоа што не ја спроведувате волјата на мнозинството граѓани. Имате 67 пратеници, викате дека ги имате сите уставни права да гласате и претседател на Собранието и нова Влада. Вашата дефанзива сега ја сили деструктивната политика што ја прави ВМРО ДПМНЕ. Дали мислите дека вие го кршите Уставот што не делувате час поскоро? Чекавте 5 недели, велите дека ги имате сите уставни можности да делувате, а всушност не го правите тоа. Второ прашање, што очекувате од средбата со Хојт Ји во понеделник?

Заев: Јас сум убеден дека ние не го кршиме Уставот. Само сме внимателни во постапките. Кажете некаде каде тоа конкретно е скршен Уставот од трана на оформеното мнозинство во Парламентот? Не преземањето чекор не значи дека е кршење на Устав. Има пријавено за дискусија. Се обидуваме дискусиите да бидат согласно Деловник и тоа го укажуваме цело време. Не, ние сме само внимателни. Јас очекувам уште посилна порака до г-динот Иванов и до ВМРО ДПМНЕ коишто го блокираат демократскиот процес, од страна на г-динот Хојт Ји да биде тоа соопштено јавно и јасно заради тоа што наша определба е членството во НАТО и партнерството со САД со коишто имаме потпишано и посебен договор. Тоа е нормално за цлеиот демократски свет. Јас сум уверен дека секоја порака директно посочена да се придвижат демократските процеси кога веќе се декларираме за парламентарна демократија и демократска земја да бидат стриктно посочени и колку што е можно попрецизно.

Медиуми: Парламентарното мнозинство им дава шанса на ВМРО ДПМНЕ да се доискажат. Но ова како што почнало може да трае со месеци, со месеци во недоглед.

Медиуми: Кое е решението? Кога да очекуваме да земе храброст парламентарното мнозинство и да каже доста. И дали ќе има избори?

Заев: Можноста е отворена вклучувајќи од сега па натаму. Час поскоро чекорот ќе го направиме.

Медиуми: Дали постојат преговори помеѓу политичките партии за одржување на лидерска средба за разрешница на политичката криза?

Заев: Не постои.

Медиуми: ВМРО ДПМНЕ секој ден зборуваат против албанската платформа. Тоа е став на ВМРО ДПМНЕ што го блокира Собранието. Вие со ДУИ немате унифициран став за албанските права и немате унифицирана програма за новата Влада немате комплетен договор а ВМРО-ДПМНЕ преговараше и сега ја плаши јавноста…

Заев: Еве вака. Јас го повторам тоај постојано. Преговори отпочнуваат со доделување на мандат. Никола Груевски доби мандат и почна преговори. 20 дена преговараше, не успеа. Треба да добиеме мандат за да ги прецизираме своите ставови, реков на најтранспарентен начин, тоа ќе биде презентирано. Логично е дека концептот едно општество за сите има многу поголеми близини и со ДУИ и со другите албански партии, отколку концептот на чиста Македонија коишто го профилираат тие надвор, коишто се приврзаници на ВМРО ДПМНЕ? Тоа ни овозмоѓи почетните наши стојалишта за да ги обезбедиме 67 потписи да бидат приближни, исти со тоа што го очекуваше ДУИ, БЕСА, Алијансата на Албанците коишто ги дадоа потписите. ЈАс сум уверен дека ќе успееме да постигнеме договор за формирање на Влада. Впрочем то се наговестува од нашите дискусии, на ДУИ, на БЕСА, на Алијансата на Албанците. Јас сум уверен во таа работа. Редот е следен добивање мандат, преговори, соопштување на одлука, излегување пред Парламентот за избор на Влада.