АФРИМ ГАШИ СО РЕАКЦИЈА ПО АПСЕЊЕТО НА НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ : СЛОБОДАТА НА МИСЛАТА НЕ СЕ ЗАПИРА СО АПСЕЊЕ НА НОВИНАРИ

0
63

Гаши на својот Фејсбук профил напиша дека насилното апсење на новинарот е лошо за демократијата и воопшто за слободата на медиумите.„Насилното апсење на новинарот Фуркан Салиу е лош знак за демократијата, слободата на говорот и медиумите воопшто.Осудувајќи го овој чин, барам правосудните органи што поскоро да го расветлат случајот и Фуркани да биде ослободен.

Слободата на мислата не се запира со апсење новинари“, напиша Гаши.