ЕУ ГО НОТИРАШЕ НАПРЕДОКОТ НА РЕФОРМИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО, ЗАЕВ: ГИ НАМАЛИВМЕ СУДСКИТЕ ТАКСИ, ТРОШОЦИТЕ КОН ИЗВРШИТЕЛИТЕ И НОТАРИТЕ, ГИ ДИГИТАЛИЗИРАМЕ СУДОВИТЕ

0
681
“Извештаите од Европската Унија нотираат видливи успеси во владеењето на правото и во спроведувањето на правото еднакво за сите. Тоа е сигнал за да се работи уште повеќе во тој правец, за да може да расте уште повеќе довербата на граѓаните во правосудството, да може уште повеќе да се охрабрат делителите на правдата, судиите, истражителите, обвинителите – да носат одлуки согласно Устав, закон, сопствено убедување, без какво било влијание од кого било.
Во изминатиот период донесени се: Законот за судови и Законот за Судскиот совет, Законот за јавното обвинителство, Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, Законот за бесплатна правна помош. Дополнително, намалени се судските такси за осум пати, се намалија и трошоците кон извршителите и нотарите. Во наредните месеци ќе се изврши целосна дигитализација на 34 судови и 187 судници.
Во изминатиот период сведоци сме на засилена ефикасност, редовност и одржување на рочиштата со засилен интензитет. Задоволен сум од досегашните реформи, но уште многу треба да работиме сите заедно.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ