СРЕДБА НА СПАСОВСКИ СО ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ИНТЕРПОЛ СТЕФАН КАВАНО

0
496
Северна Македонија – лидер во регионот за соработка во областа за сузбивање на криминалот и подобрување на безбедноста, беше заклучокот од средбата со Извршниот директор на полициските служби при ИНТЕРПОЛ, Стефан Кавано, на којашто потенцирав дека соработката ќе биде продлабочена во секој облик во иднина, при што остануваме кредибилен партнер на ИНТЕРПОЛ.

Извршниот директор напомена дека Северна Македонија е мост на Западен Балкан и дека ќе бидат интензивирани активностите во земјата во наредниот период, при што изрази благодарност за нашата подготвеност за организација на Регионалната конференција, но и за учеството во бројни операции на ИНТЕРПОЛ, како и силна поддршка за развој, поврзување и усогласување на националниот форензички систем со системите на ИНТЕРПОЛ.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.