ЧУВАРИ НА ОБЈЕКТ ПОКРАЈ ВАРДАР ЗГРИЖИЈА ДВЕ БЕЗДОМНИ КУЧИЊА

0
480
Бак и Карамелка!
Овие две кутриња се напуштени од сопственик, најдени се на кејот на Вардар и своето место го најдоа на тревникот пред станбениот комплекс на кејот!
Се приврзаа за чуварите на објектот , но и за мал број на станари кои секојдневно со своите деца си играа со нив!
Времето поминуваше и требаше да се најде решение каде најдобро ќе бидат засолнети од топлина, студ, дожд!
Чуварите се хумани луѓе и со љубов им направија куќички до нивната чуварска!
Во изработка се и плочките со нивните имиња кои ќе бидат ставени на нивните куќички!
Во меѓувреме Карамелка се однесе во Лајка на стерилизација!
Кутрињата одат и до блиското кафуле каде се “дружат” со посетителите,
уживајќи во вниманието што го добиваат од сите присутни!
Секое маало би требало да се погрижи за бездомните животинчиња и ова нека биде добар пример и за другите маала, каде и нема некоја добра воља од жителите за хуман пристап кон бездомните животинчиња!
Се надевам дека јакне јавната свест за заштита и благосостојба на животните и хуман третман на бездомните!
Очекувам дека надлежните институции ќе работат согласно Националниот закон за заштита и благосостојба на животните и ќе се зајакнат казните за сторителите што свесно повредиле или убиле недолжно животинче!
Работите се менуваат на подобро!