НА ВМРОВЦИТЕ ИМ ТЕЧЕ НИЗ НОГАВИЦА : Каракамишева смета дека претседателските избори ќе бидат фалсификувани

0
1567

Тања Каракамишева, предводничката на комисијата за политички систем на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека претседателските избори на пролет ќе бидат фалсификувани доколку не се одржат наедно и предвремени парламентарни во исто време.

– Не верувам дека заедно со претседателските избори ќе има предвремени парламентарни. Ситуацијата и во СДСМ и во ДУИ не е таква за да одат на предвремени парламентарни избори, рече професорката во своето гостување на телевизија Алфа.

Дококлу има само претседателски избори, тоа како што рече „ќе биде класично полнење на кутии и се ќе биде на криминална основа“, бидејќи според неа, истите ќе ги организира актуелната власт.

– Ако има само претседателски избори тие ќе бидат класичен фалсификат. Не верувам во успех на претседателски избори. Затоа на Македонија и се потребни претседателски избори, а заедно со нив и предвремени парламентарни избори, посочи Каракамишева.

Според Каракамишева, еден од аргументите поради кои СДСМ не би сакал да оди сега на избори е и тоа што се очекува Македонија да стане најнова земја-членка на НАТО па тоа како адут да го искористи на редовните парламентарни избори.