МВР вчера издало потврди на 2.835 бегалци

0
1109

Министерството за внатрешни работи во последните 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за праизнавање право на азил на вкупно 2.835 странски државјани.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.597, Авганистан – 656 и на Ирак – 582.

Од почетокот на годината, до вчера, биле издадени вкупно 44.062 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.

Во последното деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Од почетокот на годината до вчера до Секторот за азил поднесени биле пет барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.