СДСМ ГИ РЕМЕТИ ВМРОНИТЕ: ВМРО-ДПМНЕ избриша една прес конференција со лажни вести, ги охрабруваме да продолжат!

0
1173

Вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, која беше последен класичен пример на ширење лажни вести, со наслов „Зошто Заев се уште молчи за скандалот со лиценци за марихуани од кои ќе се земаат милионски суми?“ избришана е од веб страницата на партијата.

Видеото веќе не може да се најде ниту на официјалната Фејсбук страница на партијата.

Линкот до избришаната вест: https://vmro-dpmne.org.mk/pres-centar/pres/zoshto-zaev-se-ushte-molchi-za-skandalot-so-licencata-za-proizvodstvo-na-marihuani )

– Добро е што ВМРО-ДПМНЕ, макар и симболично, почна да ги брише сопствените лажни вести.

Ги охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да се вратат наназад и истото да го сторат со сите лажни вести што досега ги ширеа во нивните јавни настапи и партиски комуникации, велат од СДСМ.