СТОЈАНОСКА : ВМРО-ДПМНЕ ВО ПЛАТФОРМАТА 1198 ВЕТУВА ИЗГРАДБА НАПРАВЕЦОТ ТЕТОВО – ГОСТИВАР И ЗАВРШУВАЊЕ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД

0
74

Прес-конференција на Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

Почитувани,

Оваа влада на година дена после потпишувањето на еден од нај криминалните договори „Бехтел и Енка“  се уште нема поставено ниту грам асфалт на оваа релација но затоа има потрошено наши, односно ваши пари во износ од преку 200 милиони евра токму за ова ништо.

Со програмата платформа 1198 ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на правецот Тетово – Гостивар и завршување на автопатот  Кичево – Охрид.

Ова е еден од нај големите приоритети токму за жителите на изборната единица 6 и ова е доказ односно потврда дека за нас граѓаните се на прво место.

Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно ќе биде твоја и повторно горда.