Канадската влада ќе воведе обврска за вакцинација за сите државни службеници но и за патниците во железничкиот, воздушниот и поморскиот сообраќај со цел да се обезбеди подобра заштита од делта варијантата на коронавирусот.
“Знаеме дека вакцините се најдобриот начин за ставање крај на оваа пандемија. Очекуваме сите федерални јавни службеници да го почитуваат ова задолжително барање” – изјави министерот Доминик Леблан.
До 13-ти август, 71% од населението во Канада од 38 милиони луѓе примиле барем една доза вакцина против коронавирус и 62% се целосно вакцинирани.