СПОРЕД ИЗВОРИ ОД МВР ЧЕТИРИЕСЕТ И СЕДУМ ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИРИТЕ НА ПРОТЕСТИТЕ

0
657

Четириесет  и седум полицајци се повредени вечерва во судирите со дел од учесниците на протестите против францускиот предлог, потврдија за МИА од МВР.

Дел од демонстрантите почнаа да фрлаат петарди, димни бомби и други предмети кон специјалците и ја урнаа оградата пред законодавниот дом, по што интервенираше полицијата при што во една прилика демонстрантите фрлаа молотови коктели и откорнаа сообраќаен знак кој тежи скоро 10 килограми со што со врвот на знакот се обидоа да убодат полицаец.

Од повредените припадници на полициските сили 11 се потешко повредени, а двајца од нив имаат сериозни повреди, додаваат од МВР.