НОВИ ПРОВОКАЦИИ НА ВИКТОР СТОЈАНОВ – ДАВА ПО 300 ЕВРА НА СЕМЕЈСТВА ВО МАКЕДОНИЈА КОИ ЌЕ СИ ГО ПРОМЕНАТ ПРЕЗИМЕТО

0
449

Нова провокација од контроверзниот Виктор Стојанов, основачот на бугарската фондација „Македонија“.

Тој, преку објава на Фејсбук, нуди на семејства од Македонија да го променат презимето и наместо „вски“, нивните презимиња да завршуваат на „ов“ или „ев“, а за тоа им нуди награда од 300 евра.

Стојанов, кој е активен на социјалните мрежи, пред десетина дена изрази револт што му бил забранет влез во Македонија на неодредено време.

„Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Немам ни казна за непрописно паркирање, но ете сум непожелен. Во РСМ имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народа. Наместо благодарност, добив забрана. Со ова ќе ги запознаам Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) при Советот на Европа. На овој начин работите нема да останат незабележани“, рече Стојанов за бугарските медиуми.

Тој е познат по тоа што во март 2021 година преку граничниот премин Деве Баир се обиде да внесе во земјава 920 бугарски книги кои биле наменети за Бугарскиот културно-информативен центар, но тогаш Царинската управа ги врати книгите назад во Бугарија