ЛУКАРЕВСКА : НА 24 НОЕМВРИ ЌЕ СЕ БЛОКИРААТ СМЕТКИТЕ НА ОНИЕ КОИ НЕ ПЛАТИЛЕ СОЛИДАРЕН ДАНОК

0
366

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање рече дека на 24 ноември ќе им бидат блокирани сметките на компаниите кои дотогаш не го платиле данокот на солидарност, кој оваа година беше воведен како еднократен и кризен.

– Согласно нашиот календар, на 6 ноември ќе ги доставиме опомените. Доколку и по тоа нема направено уплата, на 24 ноември ќе пристапиме кон блокирање на нивните сметки, рече Лукаревска.

Директорката на УЈП нагласи дека една компанија може да го одложи плаќањето до крајот на годината, но со банкарска гаранција или со залог на движен и недвижен имот

До сега се собрани 2,21 милијарди денари од данокот на солидарност, или околу 36 милиони евра, но 50-тина компании, од вкупно 150 обврзници, се уште го немаат подмирено

257 милиони денари е најголемиот поединечен износ платен за данок за солидарност.

Лукаревска додаде дека меѓу оние кои немаат платено има и јавни претпријатија.