ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ ВО ЕМИСИЈАТА ВО ЦЕНТАР : ПОЛИТИЧКОТО ПОДЗЕМЈЕ НА БЕЛАТА ПАЛАТА НЕКОЛКУ ПАТИ СЕ ОБИДЕ ДА МЕ УБИЕ!

0
1451

Напаѓачите ме чекаа половина час и стоеја до мојот автомобил. Има снимки, еден куп цедиња, јас ги видов снимките. Оваа држава има начин според снимките да најде кои се напаѓачите кога сака тоа да го направи, како што беше случајот со 27 април 2017 година. Мене автомобилот ми е паркиран кај Веро каде што има камери и каде што беа двајцата напаѓачи. Јас пешки одев од центар кон мојот автомобил со уште една личност. Улицата беше осветлена. Луѓето кои во полиција кои го истражуваат случајот ми кажаа дека двајцата напаѓачи доаѓаат до мојот автомобил половина час пред јас да се појавам. И стојат точно во аголот каде камерата не може да ги сними целосно, освен нивните нозе.

Пет минути пред да дојдам доаѓаат точно до мојот автомобил и во тоа нивно движење има простор каде тие целосно можат да се видат на видеата, но тој дел во снимките го нема. Објаснувањето што ми е дадено, кое јас не го прифаќам, е дека при преносот од хардискот на цеде се случило да се компресира видеото и да го нема тој дел. Јас мислам дека се работи за обид за покривање на полицаец, тврди Петровски.

Ова е сериозно обвинување од моја страна, вели тој, има обвинител кој работи на случајот, човекот лесно може да се открие по тетоважите, а висок е како киклоп. Човекот кој беше со мене тргна да му ја симне маската и тој тогаш почнува да бега бидејќи знае ако има случај и ако го идентификуваме за тешка телесна повреда казната е пет години затвор. Врз мене беше извршен обид за убиство, категоричен е Филип.

Во изминатите години имаше уште два напади врз мене, објаснува Петровски. Првиот беше од член на ВМРО ДПМНЕ, кој самиот кажува дека нарачката да ме нападне е лично од Христијан Мицкоски. Тоа се случи вториот ден на протестите во врска со потпишувањето на Преспанскиот договор. Јас се сретнав со тој човек, ме поврза Ивица Коневски, а и вие како новинар знаете дека тој човек сакаше тоа да го каже пред камери. Тоа беше првиот физички напад врза мене. Како што самиот ми се довери, му беше кажано по секоја цена да ме нападне и да ме тргне од бината.

Потоа имаше уште еден напад, исто така летото оваа година, кога на прослава на раѓањето на дете на еден пријател во Дебар маало човек со качулка ме удри во главата. Тој случај не го пријавив во полиција, бидејќи чекав да видам кој ќе го објави, бидејќи на настанот имаше луѓе кои беа “контролори” на Мицкоски и тоа се објави во Инфомакс, ова го изјави Филип Петровски во интервјуто за емисијата Во Центар.