(ВИДЕО) КОМАНДАНТОТ ПРИ БУГАРСКОТО МВР: АВТОБУСОТ СЕ ЗАПАЛИЛ ОТКАКО ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ

0
1498

(Фотографијата не е од несреќата во Бугарија)

-На 31 километар од автопатот се случи сообраќајна несреќа со автобус во кој се превезувале 52 лица, при што избувнал пожар. Загинале 46 лица. Оперативно -истражните дејствија се уште траат, но пожарот е поради несреќа. Останатите се пренесени во болница, и нивната состојба не е сериозна, изјави Николов.

Големи се шансите црниот густ чад да ги усмртил патниците кои брзо се задушиле и не можеле да излезат од автобусот. Бидејќи несреќата се случила ноќе повеќето веројатно спиеле и немале можност брзо да се освестат што се случува.

Најверојатно и вратите биле затворени додека кршењето на стаклата бара видливост но несреќата се случила ноќе па најверојатно автобусот изгубил и струја па се било во мрак и никој не можел да се снајде во мракот.

На интернет има видеа од автобуси во пламен и може да се види дека пламенот се шири со многу голема брзина при ваков настан затоа што автобусите се направени од пластика и текстил кои многу брзо горат и испуштаат црн отровен чад:

Видео од вестите на БНТ во 8 часот утрово: