СПОРЕД БРИМА ГАЛУП ЗА ВМРО-ДПМНЕ БИ ГЛАСАЛЕ 19,5 ПРОЦЕНТИ ДОДЕКА ЗА СДСМ БИ ГЛАСАЛЕ 13,6 ОТСТО

0
771

Доколку денеска се одржат парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата би гласале 19,5 проценти од граѓаните, а за СДСМ 13,6 отсто, покажува анкетата спроведена од страна на Брима Галуп. Истражувањето на јавното мислење е спроведено во период од први до 21 јули на 1211 полнолетни граѓани.

Во албанскиот политички блок најмногу поддршка има ДУИ со 5,9 проценти, но втора партија која е блиску до ДУИ е БЕСА на Билал Касами. На прашањето за која партија би гласале доколку денеска се одржат предвремени парламентарни избори 4.8 проценти од граѓаните дале поддршка за БЕСА, додека 3.2 својата поддршка би ја дале на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари. На прашањето ако се формираат предизборни коалиции за која коалиција би гласале доколку денеска се одржат избори, тогаш победат би ја однела коалицијата на БЕСА, Алтернатива и Огнената група на Изет Меџити со 26 проценти, додека само 23.4 проценти од анкетираните граѓани би гласале за коалицијата на ДУИ, Алијанса на Албанците и ДПА на Мендух Тачи.

Вкупно 7.5 проценти од испитаниците се изјасниле дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е најпопуларен политичар на кој најмногу му веруваат. Нив 4.5 проценти имаат доверба во премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски. Од албанскиот блок прв со најголема доверба е претседателот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети со 5.1 процент.

На прашањето дали мислите дека работите во државата одат во добра или погрешна насока, дури 70 проценти од испитаниците сметаат дека Македонија со владата на СДСМ и ДУИ не се движи во добра насока, додека пак само 21 процент сметаат дека државата се движи во добра насока.