БРНАБИЌ : БРЗАТА ПРУГА ДО СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПОДОБРИ ОДНОСИТЕ МЕЃУ СРБИЈА И МАКЕДОНИЈА

0
303

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија Горан Весиќ, денеска потпиша Меморандум со неговиот македонски колега Благој Бочварски за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе бараат средства од Европската Унија.

Договорот беше потпишан во присуство на премиерите на Србија и Северна Македонија, Ана Брнабиќ и Димитар Ковачевски.

Српската премиерка рече дека потпишаниот меморандум, како и вчерашниот отворен саем на вино Open Balkan придонесува за подобрување на односите меѓу нашите пријателски земји.

Министерот Весиќ претходно изјави дека пругата ќе се модернизира и електрифицира, за брзина од 120 километри на час.

Тој рече дека во тек е проектирањето на делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри, а македонските партнери ќе проектираат околу 50 километри од границата до Скопје.