ФАШИСТИЧКАТА СЕМКА не е семка туку ВЛАСТ ВО МАКЕДОНИЈА

0
1117

Рамно ДЕСЕТ ГОДИНИ им требаше на сите, ѓоа, либерално, напредно, слободољубиво, та дури и опозиционо настроени мили и драги пријателчиња за да еве, одкако се појавија во вистинскли црни кошули-униформи, да разберат дека ФАШИСТИЧКАТА СЕМКА не е семка туку ВЛАСТ ВО МАКЕДОНИЈА.

Точно пред ДЕСЕТ години преупредив(ме).

Велеа дека е претерување, дека “не е убаво да се употребуваат такви изрази (фашизам, фашисти)“, не било политички опортуно (!), не е убаво да се делиме, а и не е сосема сигурно дека станува збор за фашисти, туку за некаков “режим“, некакви “забегани“ итн.итн. Што требаше да им биде приложено како доказ?

Па до денешен ден, после 19 месеци, одкако се емитувани бомбите, сеуште ги има, од ова “напредните“ кои, кога ќе им се изговори зборот фашизам, фашисти, во нивно присуство, се чувствуваат неудобно, небаре девици на кои кога ќе им спомнеш к*р, поцрвенуваат!

Ете така на сред лето, згрозувајте се од оние мајмуни, ѓоа тодоралександровци, и тајно надевајте се дека тоа се само некакви маалски будалетинки, а дек ЖМРО е една ДЕСНА демократска партија. Поправете си ги звончињата на вратите, ако ви се расипани, за да не ви тропаат со клоци. Смрт на Фашизмот-Слобода на Народот!
п.с. Потсетете ме КОГА некој опозиционен првак, слободољубив интелектуалец или некој таков сличен употребил квалификатив ФАШИСТ-ФАШИСТИ. Јас нешто не можам да се сетам.
Ѓунер Исмаил, фејсбук статус