СПАСОВСКИ : УСПЕШНА КОМПАНИЈА БУЧЕН КОЗЈАК ОД КУМАНОВО – КОРИСНИК НА ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ ПРОЦЕСИ

0
87
Денеска заедно со другарот Фатмир Битиќи ја посетивме кумановската компанија Бучен Козјак, која има скоро 40 годишно искуство во млекопроизводството, со природни и традиционални млечни производи со висок квалитет.
Компанијата инвестира во осовременување на работните процеси, во опрема, машини и градежни објекти, со што успешно го развиваат својот бренд.
Со обиколка на производствените капацитети на компанијата се уверивме во успешноста на тимот од професионалци, како и на резултатот од владините субвенции. Конкретно оваа компанија добива субвенционирана електрична енергија, а со поставените соларни панели директно ги намалуваат трошоците за производство.
Владата предводена од СДСМ продолжува со соработка и поддршка на македонските компании, а со цел модернизирање на работните процеси, со што директно влијаеме врз унапредување на домашната економија.