ПСЖ СО РЕЗУЛТАТ ОД 3 : 0 ГО СОВЛАДА МИЛАН СО ШТО ИЗБИ НА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА ВО ГРУПАТА ,,Ф” ОД ЛШ

0
347

Во рамките од третото коло во фудбалската Лига на шампионите во групата „Ф“ ПСЖ со 3:0 на домашен терен го совлада Милан.

По првото полувреме на „Паркот на принцовите“ во Париз водеше францускиот првак со голот на Мбапе во 32 минута.

За 2:0 се погрижи Коло Муани во 53 минута, а конечниот епилог во 89 минута го постави Ли Канг-Ин.

Во истата група Борусија Дортмунд со погодокот на Нмеча во 45 минута славеше на гостувањето кај Њукасл (0:1).

По три кола води сега ПСЖ со шест бодови, по четири имаат Борусија Дортмунд и Њукасл, а последен е Милан со два.

Во другите мечеви: Антверпен – Порто 1:4, Селтик – Атлетико Мадрид 2:2, Лајпциг – Црвена звезда 3:1, Јанг Бојс – Манчестер сити 1:3.