(ВИДЕО) Димитриевски: Војници спијат во шатори полни со вода, тоа го крие медиумскиот мрак

0
1334

Во време кога цела Европа се обединува во борба против глобалниот тероризам нашите припадници на АРМ, во нечовечки услови секојдневно ги извршуваат нивните службени задачи во заштита на јужната државна граница.

Војниците на АРМ спијат во руинирани гаражи, во шатори полни со вода, без греење.

Над 57 војници се сместени во простор од 90 метри квадратни. Над 400 војници се принудени да одржуваат хигиена на една чешма. За недостаток на топли тушеви и уредни санитарни јазли да не говориме.

Дали ова, министре Јолевски е вашиот отчет за проектот АРМ мојот вистински дом.

Зошто лажно се фалевте пред македонската јавност дека наводно ги решавате проблемите на припадници на АРМ кога еве каква е реалноста со којашто се соочуваат.

Овој срам, ова рушење на достоинството на припадниците на АРМ го кријат медиумите под контрола на Никола Груевски, платени со пари на граѓаните.

Но и покрај медиумскиот мрак вистината излегува на виделина.

Груевски потроши 630 милиони евра на споменици, метална и камена фаланга, а реално ја разнебитува одбраната, професионалците ги депримира а армијата ја партизираше.

Со погрешни, криминални политики Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одбраната ја доведоа на дното на општеството.

СДСМ со превземање на одговорноста да ја води државата ќе ги промени работите во одбраната, армијата ќе ја деполитизира во целост и ќе обезбеди соодветни услови за нормално вршење на службените задачи на војниците.

ЕВРОАТЛАНСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ЌЕ ГИ ВРАТИМЕ КАКО ДРЖАВЕН ПРИОРИТЕТ!

sramota_vojnici ARM (2) sramota_vojnici ARM 6 sramota_vojnici ARM sramota_vojnici_ARM 1

 

Максим Димитриевски, претседател на комисијата за одбрана на СДСМ